• вторник, 05 ноември 2024

Разбиена организирана криминална група - петмина приведени, за тројца одреден притвор

Разбиена организирана криминална група - петмина приведени, за тројца одреден притвор
Скопје, 4 октомври 2021 (МИА) - Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за општ и насилен криминал во содејство со ОВР-Кичево и во координација со СВР - Скопје и Одделот за специјални полициски операции, вчера ги лишија од слобода Е.И. (28) од Скопје, А.К. (33) од Скопје, Н.А. (47) од Кичево, како и В.Б.(38) од Кичево и Ф.М.(26) од Прилеп. По претходно преземени мерки и активности и добиена судска наредба, како што соопшти МВР, извршени се претреси во дом и други простории кај петте лица, при што се пронајдени и одземени куршуми, марихуана, прашкаста материја и разни други предмети кои потекнуваат од кривични дела. - Со ова се расчистени и две кривични дела „разбојништво“, извршени во декември 2020 и јануари 2021 година, од кои едното со смртни последици. Петте лица се приведени за понатамошна постапка, наведуваат од МВР. Од Одделението за внатрешни работи Кичево против Е.И., А.К. и Н.А. е поднесена кривична пријава за тешки дела „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик и тие се предадени ОЈО Кичево, при што од страна на судија од Основен суд Кичево ним им е изречена мерка притвор. На В.Б. и Ф.М., пак, од страна на ОВР Кичево и ОВР Прилеп ќе им бидат поднесени пријави по член 396 за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувалки материјали“ и по член 215 за „неовластено производство и пуштање во промет на наркоотчки дроги, психотропони супстанции и прекурсори“ од Кривичниот законик.  мс/сп/

Остани поврзан