• понеделник, 23 декември 2024

Пјонгјанг испрати владини лица да работат на фарми за да помогнат околу кризата со храна

Пјонгјанг испрати владини лица да работат на фарми за да помогнат околу кризата со храна
Пјонгјанг, 5 мај 2022 (МИА) - Северна Кореја распореди владини официјални лица, вработени во компании и фабрики, да работат на фарми низ земјата, со цел да се спречат загубите, поради сушата. - Тие се придружија на борбата во регионите погодени од сушата. Штом пристигнаа, почнаа да наводнуваат, работејќи со фармерите и борејќи се со природата, објави официјалниот весник на владејачката Работничка партија на Северна Кореја, Родонг Синмун. Северна Кореја е под меѓународни санкции поради забранетите програми за вооружување и има хроничен недостиг на храна. Многу е чувствителна на природни катастрофи, како поплави и суша, поради недостаток на инфраструктура, уништување на шуми и децениско лошо управување со државата, пишуваат странски медиуми. бд/ми/  

Остани поврзан