• недела, 21 јули 2024

Пуштен во употреба нов мултифункционален парк во Маџари

Пуштен во употреба нов мултифункционален парк во Маџари
Скопје, 18 јули 2022 (МИА) - Од денеска е пуштен во употреба мултифункционалниот парк во Маџари, Триангла. Паркот е со повришна од над 2 000 метри квадратни и се состои од затворен дел - паркот за миленици, фитнес зона опремена со справи за вежбање и детско катче во кое што се поставени реквизити за игри и забава.
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски кој денеска го посети паркот, изјави дека станува збор за соодветно осветлен парк, уреден со патеки, а исто така поставен е летниковец, фонтана, клупи и друга урбана опрема.
Како што рече, паркот е комплетно хортикултурно уреден и збогатен со голем број на дрва, а и поставен е систем за автоматско наводнување. Партнер во реализацијата на овој проект е компанијата „Макстил“.

-Со овој мултифункционален парк правиме уште едно поубаво место на кое што граѓаните на Гази Баба ќе можат да се дружат, да спортуваат и да рекреираат. Сакам да се заблагодарам на „Макстил“ која беше партнер во реализација на овој проект. Паркот е изграден со средства од Општина и од „Макстил“, додаде градоначалникот.

Тој денеска најави уште еден проект организиран од Општината, а тоа се седум спортски игралишта. -Најавувам седум спортски игралишта на територија на нашата општина, кои што ќе добијат модерен лик и кои што ќе бидат опремени со соодветна подлога од тартан и подлога од вештачка трева, рече Стефковски. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој исто така денеска беше во посета на паркот, даде поддршка Општината да продолжи и во следниот период со вакви проекти. -Општината заедно со градоначалникот прават исклучително многу и за граѓаните, но и за самата Општина и можам само да кажам и да ги поддржам да продолжат така во периодот кој што следи бидејќи тоа е она што го очекуваат граѓаните од нас. Тоа е она кое што треба да ја покаже разлика помеѓу тие кои што крадат и оние кои што градат. Им посакувам уште многу вакви проекти и места каде што ќе можат и повозрасните, но и најмладите да наоѓаат простор за своја релаксација и за забава, додаде Мицкоски.бт/аа/

Остани поврзан