• петок, 22 ноември 2024

Пуштен во употреба водоводот за село Преглово, Општина Пласница

Пуштен во употреба водоводот за село Преглово, Општина Пласница

Кичево, 24 јули 2021 (МИА) -  Новоизградениот водовод за село Преглово, Општина Пласница од денеска е пуштен е во употреба. Водоводот, кој почна да се гради во текот на август минатата година, деновиве ги испорача првите литри вода за жителите од ова село.

На свеченоста присуствува првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и министрите за финансии и за економија Фатмир Бесими и Крешник Бектеши.

Груби истакна дека Владата се грижи да обезбеди подеднаков регионален развој на сите делови од земјава.

Овој проект, како што рече, нема да биде единствениот влог во оваа општина, туку ќе продолжи да ги негува зелените политики. Со изградбата на овој водовод трајно се реши проблемот со вода за пиење на ова печалбарско село.

За доделените средства и за изградбата на водовод за село Преглово, голема благодарност изрази актуелниот градоначалник на Општина Пласница Алија Јаоски, кој очекува и во наредниот период да продолжи поддршката од Владата и од ДУИ.

За новоизградениот водовод беа издвоени 8.300.000 денари, средства обезбедени од Министерството за транспорт и врски. за/мд/

Остани поврзан