• петок, 01 ноември 2024

Путин: Русија може да ги ограничи испораките на ураниум и титаниум поради западните санкции

Путин: Русија може да ги ограничи испораките на ураниум и титаниум поради западните санкции

Москва, 11 септември 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија разгледува можност за ограничување на извозот на ураниум, титаниум и никел како одговор на западните санкции.

- Можеби треба да размислиме за ограничувања на извозот на одредени стоки, како што се ураниумот, титаниумот и никелот, изјави Путин на состанокот со премиерот Михаил Мишустин.

Русија е четврти по големина производител на ураниум, покажуваат податоците на Светската нуклеарна асоцијација. Американскиот претседател Џо Бајден со закон го забрани увозот на збогатен ураниум од Русија.

Во 2023 година, најголеми увозници на руски ураниум беа САД, Кина, Јужна Кореја, Франција, Казахстан и Германија.

Русија е и трет по големина производител на т.н сунѓер од титаниум кој се преработува во метал за употреба во автомобилската, бродоградбената и воздухопловната индустрија.

Руската компанија Норникел е втор најголем светски производител на рафиниран никел.ссм/

фото: архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан