• вторник, 26 ноември 2024

Путин: Предлагам да го продолжиме договорот за оружјето на САД, без предуслови

Путин: Предлагам да го продолжиме договорот за оружјето на САД, без предуслови
Москва, 16 октомври 2020 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска предложи Договорот за намалување на оружјето (СТАРТ) да се продолжи со Соединетите Американски Држави најмалку една година, без никакви предуслови, објави агенцијата ТАСС. Неговиот предлог се најде на дневен ред на седницата на Рускиот совет за безбедност. - Предлагам да го продолжиме постојниот договор без никакви предуслови најмалку една година. Се со цел непречено да водиме битни разговори за сите бројни прашања, за да не ги оставиме и  Русија и САД, но и сите земји во светот, без ваков значаен договор како што е новиот СТАРТ, рече Путин. паг/    

Остани поврзан