• петок, 22 ноември 2024

Путин поднесе предлог закон за функцијата заменик претседател на Советот за безбедност

Путин поднесе предлог закон за функцијата заменик претседател на Советот за безбедност
Москва, 16 јануари 2020 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин поднесе денеска до државната Дума предлог закон за воспоставување на функцијата заменик претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација. На тоа место претходно беше именуван довчерашниот руски премиер Дмитриј Медведев. Според предлог законот, заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност го назначува и менува шефот на државата, кој ги одредува и неговите овластувања. Путин денеска, исто така, потпиша декрет за вклучување на новиот премиер Михаил Мишустин во рускиот Совет за безбедност. гт/

Остани поврзан