• понеделник, 23 декември 2024

Путин и Ердоган денеска на средба во Сочи, втора за 17 дена

Путин и Ердоган денеска на средба во Сочи, втора за 17 дена
Москва, 5 август 2022 (МИА) - Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, ќе разговараат денеска во Сочи за енергетиката и за проширување на трговско - економските врски, соопшти Кремљ. „Согласо договорите постигнати на билатералниот состанок на претседателите во Техеран на 19 јули, планирано е детално да се разговара за темата руско - турска мултилатерална соработка, вклучувајќи ги перспективите за натамошно ширење на трговско - економските врски и имплементација на заеднички стратешки проекти во енергетскиот сектор“, се наведува во соопштението на Кремљ. Путин и Ердоган ќе разговараат и за актуелни теми од меѓународната агенда. Тоа ќе биде втора средба на Ердоган и Путин за 17 дена, затоа што претходно се сретнаа во Техеран, на трилатерален состанок со претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, потсетува Анадолија. бд/сд/

Остани поврзан