• петок, 05 декември 2025

ПСЖ поразен на гостувањето кај Монако

ПСЖ поразен на гостувањето кај Монако

Монте Карло, 29.ноември 2025 (МИА) – Европскиот и француски шампион ПСЖ попладнево претрпе пораз во дербито на 14.коло на во францускиот шампионат. Победа од 1:0 на домашен терен постигна Монако.

Стрелец на единствениот гол беше јапонскиот интернационалец Такуми Минамино во 68.минута. Монако последните 10-тина минути ги играше со играч помалку откако капитенот Тило Керер доби црвен картон.

Монако со денешната победа се проби на шестото место на табелата со 23 бодови, а ПСЖ е во опасност да го „испушти“ првото место доколку Олимпик Марсеј или Ленс постигнат победи во ова коло. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан