• сабота, 23 ноември 2024

ПСЖ започна преговори за Белерин, има специфична понуда

ПСЖ започна преговори за Белерин, има специфична понуда
Париз, 2 септември 2020 (МИА) - Францускиот шампион Пари Сен Жермен започна разговори со Арсенал за трансфер на шпанскиот десен бек Хектор Белерин, пренесе „Атлетик“. Тимот од Лондон не сака да се раздели со 25-годишниот бек, но можеби ќе треба да го продадат, бидејќи „топџиите“ се обидуваат да го освежат составо и им требаат нови средства. Јувентус и Баерн Минхен исто така го следат Белерин, но се верува дека ПСЖ веќе го направил првиот потег. Шпанскиот дефанзивец има договор со „топџиите“ до 2023 година, но е подготвен за нов предизвик. Според информациите, парижаните понудиле 25 милиони фунти плус уште 5 милиони во форма на бонуси. Сепак, Арсенал бара поголема сума, но разговорите продолжуваат. Евентуалната продажба на Белерин може да го сврти патот на младиот Ејнсли Мејтланд-Најлс, за кого се шпекулира дека ќе си замине, но тој на крајот можеби ќе мора да остане на „Емирати“. Сумата од трансферот на Шпанецот може да се искористи за привлекување на дел од целите на Артета за избор на лето. Меѓу нив се Томас Партеи од Атлетико Мадрид и Усем Ауар од Олимпик Лион. Дани Себаљос, исто така, се очекува да се врати во Лондон за нова позајмица од Реал Мадрид.

Тагови

Остани поврзан