• вторник, 24 декември 2024

Проширувањето една од темите меѓу Варвициотис и амбасадорите на земјите членки на ЕУ

Проширувањето една од темите меѓу Варвициотис и амбасадорите на земјите членки на ЕУ
Атина, 13 февруари 2020 (МИА) - За грчките позиции во однос на проширувањето на ЕУ и европската перспектива на Западен Балкан, меѓу другото, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис ги информирал амбасадорите во Атина на 26-те земји членки на Европската унија, за време на работниот ручек организиран од хрватскиот амбасадор во рамки на претседавањето на земјата со ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина. Варвициотис истакнал дека Грција ги поддржува приоритетите на хрватското претседателство со Унијата. - Го поздрави фактот што политиката за проширување се наоѓа во главните приоритети на хрватското претседателство, а ја спомена грчката иницијатива за организирање на конференција за европската перспектива на Западен Балкан на 24 февруари во Солун, соопшти грчкото МНР. Алтернтивниот шеф на грчката дипломатија ги информирал амбасадорите и за позициите на Атина за повеќегодишната финансиска рамка на Унијата, за владеење на правото, мигрантското прашање, како и за конференцијата за иднината на Европа. ср/гт/

Остани поврзан