• петок, 22 ноември 2024

Професор Мајхошев: Работниците лани помалку штрајкувале и протестирале

Професор Мајхошев: Работниците лани помалку штрајкувале и протестирале

Штип, 1 мај 2021 (МИА) - Пандемијата и стравот да не се изгубат работните места драстично ги намалија штрајковите и социјалните протести во текот на минатата година, покажуваат анализите на универзитетскиот професор по Трудово право на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Андон Мајхошев.

Според неговата евиденција лани имало само два штрајка, а пет социјални протести. Тој оценува дека работниците преферираат незадоволството да го изразуваат преку протести, вон работното време, бидејќи не се членови на синдикатите. Според него, Законот е таков што за да се организира штрајк, мора да биде организиран од страна на синдикатите.

- Од почетокот на годинава па се до денеска, имаме регистрирано пет социјални протести, исто колку што имало и минатата година. Незадоволство кај работниците има, но здарвствените протоколи во време на пандемија и стравот кај работниците очигледно е дека се причина за намалување на бројот на штрајкови и протести, вели Мајхошев.

Анализите за колку работниците членуваат во синдикатите се прават на пет до десет години, со цел да се има реална и веродостојна слика. Последните анализи на Мајхошев за синдсикалната густина се од 2019 година и покажуваат дека во синдикатите членуваат 23 посто од вработените. Светски тренд е намалување на бројот на членови во синдикатите, но ова се должи на губење на довербата во синдикатите. Во изминатите 20 години работничките права се кратени 60 пати.

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“-Штип вели дека лани на терен се заблежани кршење на работничките права и покрај тоа што имало јасни владини уредби. Забележани се исплата на плата под минималната, трансформации на работниот однос од неопределено на определено работно време, откази, непочитување на одредбите за хронично болните, мајките на деца до 10 години, како и за бремените жени.

Според Ампева, коронакризата ги уназадила работничките права за неколку чекори. вдј/ки/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан