• понеделник, 23 декември 2024

Протест на исламисти пред француската амбасада во Бангладеш

Протест на исламисти пред француската амбасада во Бангладеш
Дака, 2 ноември 2020 (МИА) - Во Бангладеш започна масовен марш на исламисти, кои се движат кон француската амбасада во Дака. Денешниот протест, на кој повторно учествуваат десетици илјади исламисти, е само продолжение на минатонеделните собири во Бангладеш. Тогаш францускиот претседател Емануел Макрон беше нарекуван „сатанист“, а демонстрантите палеа негови фотографии. Слични протести се одржуваа и во Пакистан. Гневот на исламистите започна поради објавувањето карикатура на пророкот Мухамед во француското сатирично списание „Шарли Ебдо“, инаку познато по провокативните цртежи, но и поради „одбрана“ од страна на Макрон за францускиот весник и „слободата на изразување“. Незадоволството завршило со секојдневни протести и бојкотирање на француски производи. На денешниот марш е запалена кукла со ликот на францускиот претседател, а демонстрантите извикувале дека е недозволиво навредување на пророкот Мухамед. гт/

Остани поврзан