• недела, 25 август 2024

Пронајдено одземено возило, приведени тројца малолетници гостиварско

Пронајдено одземено возило, приведени тројца малолетници гостиварско
Скопје,15 октомври 2022 (МИА) - Во гостиварското село Неготино, вчера во 10:20 часот, лишени од слобода се тројца малолетници од село Сенокос, гостиварско. -Тие се сомничат дека во текот на денот во село Сенокос одзеле патничко возило „опел вектра“, сопственост на И.Б. Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат денеска од МВР. дма/сст/

Остани поврзан