• понеделник, 20 мај 2024

Пронајдени две јагленосани тела во делот каде што се пожарите во централна Грција

Пронајдени две јагленосани тела во делот каде што се пожарите во централна Грција

Атина, 26 јули 2023 (МИА) – На две различни локации во грчката област Магнисија, вечерва, во два одделни случаи беа пронајдени јагленосани тела на еден маж и една жена, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, станува збор за жртви во големиот пожар активен од попладнево во конкретниот регион.

За пронајдените тела информираа од противпожарната служба на Грција. ср/

Фото: ЕПА

Остани поврзан