• петок, 22 ноември 2024

Промоција на новата градинка „Јета“ во село Камењане

Промоција на новата градинка „Јета“ во село Камењане
Скопје, 26 август 2022 (МИА) - Во селото Камењане, Општина Боговиње денеска ќе биде промовирана новата градинка ЈОУДГ „Јета“. На одбележувањето на почетокот со работа на оваа прва детска градинка во Општина Боговиње ќе се обратат министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, градоначалникот на Општина Боговиње Бесник Емшиу, вишиот специјалист за образование во Светска Банка, Северна Македонија Бојана Нацева и директорката на ЈУОДГ „Јета“ Афердита Имери. На настанот, како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, ќе присуствуваат и министрите за образование и наука и за животна средина и просторно планирање - Јетон Шаќири и Насер Нуредини. - Изградбата на градинката е финансирана од Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска банка. Една од целите на Проектот е зголемување на пристапот до квалитетни социјални услуги за ран детски развој и подобрување на условите за предучилишно образование, се вели во соопштението. мс/ев/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан