• вторник, 24 декември 2024

Промовирана Националната рурална мрежа, зачленувањето е доброволно и бесплатно

Промовирана Националната рурална мрежа, зачленувањето е доброволно и бесплатно
Скопје, 9 ноември 2022 (МИА) - Заедничко креирање на политиките за рурален развој и поголема информираност околу мерките за добивање финансиска поддршка, како и за работата на институциите, поттикнување на иновациите во земјоделството и во производството на храна, но и зголемена одржливост на активностите во руралните средини и заедници, се само некои од целите на Националната рурална мрежа што од денеска и официјално почна да функционира. Оваа веб платформа ќе дејствува во сите подрачја низ земјава, а целта е да го подобри квалитетот на животот на секој поединец преку иницирање и воспоставување соработка и партнерства. Креирана е по европски терк, а зачленувањето е бесплатно. Член може да стане секој што има желба и интерес, независно дали е е физичко лице, производител, фирма, институција,... Како што беше речено на промоцијата, мрежата е законска обврска од 2012 година и денес, конечно, по 10 години се става во функција. За 20-на дена се очекува Националната рурална мрежа да има околу 1 000 членови. - Конечно, со донесувањето на подзаконските акти, го ставаме во функција и овој механизам кој ќе овозможи уште поголемо вклучување на сите чинители во креирање, реорганизација и трансформација на политиките, но и во ширење на инмформациите. Мрежата ќе овозможи и едукација, а за да се стане нејзин член, доволно е да се отиде само на нејзината веб страница, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Тој се осврна на мерките за поддршка, нагласувајќи уште еднаш дека руралниот развој во земјава е исклучително битен. Како што напомена, во друг сектор може да се скрати, но во руралниот развој не. -Во Програматза рурален равзој е креирана нова мерка - бизнис план во земјоделството. Апликантите ќе кажуваат за што им се потребни средствата на отворен повик преку целата година, рече Николовски. Детали за Националната рурална мрежа и нејзиното функционирање соопшти државниот советник во МЗШВ Трајан Димковски. Подолгрочена цел, потенцира Димковски, е оваа мерка да се акредириа преку ИПАРД програмите. Зачленувањето е отворено. Во Мрежата може да се вклучи секој што е заинтересиран, што сака да е во тек и да се вклучи во земјоделските активности и да придонесе во креирање на политиките,   независно дали е физичко лице, производител, фирма, институција, земјоделска задруга, образовна институција,... Членството е доброволно и бесплатно, истакна Димковски. Веб страницата на Националната рурална мрежа еhttp://nmrr.mk/. мч/дма/  

Остани поврзан