Промени во инструментот за задолжителна резерва за поддршка на домашното производство на електрична енергија од обновливи извори
- Советот на Народната банка донесе одлука за промени кај инструментот за задолжителна резерва, преку кои се поттикнува кредитирањето на проектите поврзани со домашното производство на електрич
Скопје, 14 септември 2022 (МИА) - Советот на Народната банка донесе одлука за промени кај инструментот за задолжителна резерва, преку кои се поттикнува кредитирањето на проектите поврзани со домашното производство на електрична енергија од обновливи извори.
Со оваа одлука, основата за издвојување задолжителна резерва во денари на банките ќе биде намалена за износот на новоодобрените кредити за финансирање проекти за домашно производство на електрична енергија од обновливи извори, соопшти НБ.
На ваков начин, во услови на енергетска криза и силен раст на глобалните цени на електричната енергија, коишто влијаат и врз девизниот пазар, но и врз домашните цени и животниот стандард, Народната банка придонесува кон ублажување на притисоците и на структурните проблеми во економијата. Покрај тоа, со оваа мерка се поддржуваат и „зелените финансии“ и одржливото финансирање, како стратегиска цел во најновиот стратегиски план на централната банка.са/лв/