• понеделник, 23 декември 2024

ПроКредит Банка, домаќин на Форумот за инвестиции во соларна енергија

ПроКредит Банка, домаќин на  Форумот за инвестиции во соларна енергија
ПроКредит Банка како општествено-одговорна компанија продолжува со организација на настани, промоции и еко-активности како дел од стратегијата за зачувување на животната средина и борбата против климатските промени, секогаш со поддршка и промоција на иновативни енергетски решенија. Во хотелот „Александар Палас“, ПроКредит Банка e домаќин на настанот „Наше Сонце, наша енергија, наши инвестиции“. Носечката тема на настанот беше презентацијата на постапките и предизвиците во процесот на инвестирање во фотоволтаични централи поставени на земја, наменети за производство и продажба на електрична енергија добиена од обновливи извори. На настанот врвните енергетски авторитети во земјата во 2 панел дискусии се осврнаа на клучните фази за изведба на фотоволтаични централи поставени на земја. Настанот го отвори Емилија Спировска, Член на управен одбор во ПроКредит Банка и Министерот за Животна Средина – Насер Нуредини. Во дискусијата, покрај претставниците на ПроКредит Банка, учество земаа претставници на институциите кои се воедно и најважните чинители за реализација на ваков тип на инвестиција: владините Министерства за Животна Средина, Транспорт и Врски и Економија, претставници на Регулаторната комисија и Агенцијата за енергетика, ЕВН Електродистрибуција и КМГ ЕОЛ Квазар. Во првата панел дискусија беше презентирана државната програма за поддршка на инвестиции во соларна енергија, со фокус на сите чекори за добивање на неопходните дозволи пред изведба, почнувајќи од пренамена/урбанизација на земјиштето, сѐ до дозвола за градење и согласност за приклучок на мрежа. Фокусот на втората панел дискусија е самиот процес на градење на фотоволтаични централи, расположливата технологија и искуствата на пазарот, постапката за добивање на лиценца за производство и продажба, алтернативи за продажба на слободниот пазар, како и можностите за финансирање на инвестицијата. На настанот присуствуваа и голем број потенцијални инвеститори заинтересирани за инвестиција во обновливи извори на енергија и заштита на животната средина. Настаните од овој тип и промоцијата на еколошки енергетски решенија ја трасираат иднината на енергетската транзиција на земјата кон обновливи извори на енергија,   нагласувајќи ја важноста од користење на иновации за зачувување на животната средина како еден од највисоките приоритети.   _____________________________________________   MИА - ОТС Комерцијални соопштенија   Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Остани поврзан