• понеделник, 23 декември 2024

Продолжуваат штрајковите во француските рафинерии и складишта за нафта

Продолжуваат штрајковите во француските рафинерии и складишта за нафта
Париз, 10 октомври 2022 (МИА) - Штрајковите во француските рафинерии и складишта за нафта продолжуваат и денеска, пишуваат дел од британските медиуми, повикувајќи се на претставници на синдикатот ЦГТ во компаниите „ТоталЕнерџи“ и „Есо Франција“, подружница на американскиот нафтен гигант „ЕксонМобајл“. Штрајковите го зголемија притисокот врз владата на францускиот претседател Емануел Макрон, што веќе се соочува со незадоволство на јавноста поради инфлацијата и зголемените сметки на домаќинствата. Речиси една третина од француските бензински пумпи вчера имаше проблеми со снабдување најмалку еден вид гориво, во однос на 21 отсто ден претходно, покажаа владините податоци. Според лицето од ЦГТ во „ТоталЕнерџи“, ќе биде продолжен прекинот во работата. Ова следува ден подоцна, откако управата на француската компанија понуди да започне разговори за платите со цел да се стави крај на спорот, што трае веќе околу две недели. Друг претставник на ЦГТ посочи дека штрајкот ќе продолжи во две рафинерии на „Есо Франција“, пред разговорите со менаџментот закажани за подоцна во текот на денот. - Сè уште немаме никаква потврда дека состанокот ќе биде одржан, тврди претставникот. Дел од британските медиуми пишуваат оти портпаролката на „Есо Франција“ истакнува дека состанокот ќе биде одржан претпладне. Ќе бидат вклучени, како што појасни таа, претставници на сите четири синдикати, активни во компанијата. бд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан