• сабота, 16 ноември 2024

Продолжуваат насилните демонстрации во Белград

Продолжуваат насилните демонстрации во Белград
Белград, 8 јули 2020 (МИА) - Голем дел од демонстрантите, кои се собраа вечерва пред зградата на српскиот Парламент, го напуштија платото пред зградата на Собранието, откако полицијата нешто пред полноќ интервенираше со голема количина солзавец. Голем судир се случи околу 11:30 часот кога демонстрантите фрлаа камења и факели кон полицијата, по што полицијата интервенираше и испукала десетици солзавци, јави Бета. Повеќето од собраните се повлекоа од платото пред зградата на Парламентот, дел се упатија кон зградата на РТС, а дел во улици зад Парламентот во обид да влезат во него. Полицијата и пред зградата на РТС фрли солзавец, а Н1 во моментов јавува дека демонстрантите повторно се враќаат кон Собранието. Известувачите на телевизијата јавуваат дека на секое доближување на демонстрантите до Собранието, полицијата веднаш фрла солзавец. Група демонстранти продолжи со судири со полицијата, фрлајќи камења и парчиња скршени сообраќајни знаци. Полицијата одговори со нов солзавец, а полицијата носи се повеќе возила во обид да спречат поголеми нереди. Група граѓани влегоа во холот на Собранието кусо по 22 часот, по што полицијата интервенираше и по десет минути ги исфрли од парламентот. Поголема група студенти тргнаа од Студентски град во Нов Белград кон центарот со цел да ги поддржат граѓаните кои протестираат пред Собранието. Пред Националното собрание, од вечерва се одржуваат протести кои следуваат откако претседателот на државата Александар Вучиќ денеска најави нови рестриктивни мерки поради епидемиолошката состојба предизвикана од ширењето на Ковид-19. јт/зш/ https://www.youtube.com/watch?v=SdXXGWcFb5U&feature=emb_title

Остани поврзан