• вторник, 05 ноември 2024

Продемократски демонстрации во Бразил пред претседателските избори

Продемократски демонстрации во Бразил пред претседателските избори
Сао Паоло, 11 август 2022 (МИА) - Неколку илјади Бразилци денеска излегоа на улиците на Сао Паоло за „одбрана на демократијата“, движењето поддржано од адвокати, синдикати и организации на работодавачи што се соочуваат со напади на екстремно десничарскиот претседател Жаир Болсонаро. На помалку од два месеци пред претседателските избори шефот на државата продолжува да ја доведува во прашање веродостојноста на системот за електронско гласање, што поттикнува стравувања дека би можел да не ги признае резултатите во случај на пораз. „Треба да размислуваме за нашата иднина...но имаме должност да ги концентрираме нашите напори за да спречиме регресија“, рече ректорот на Универзитетот во Сао Паоло, Карлос Гилберто Карлоти Јуниор на отворањето на собирот на кој учествуваа повеќе од 800 адвокати, претставници на бизнис-заедницата, на синдикати и на невладини организации. Притоа беше прочитан текстот на „Писмото до Бразилците за одбрана на демократското владеење на правото“, петицијата што беше објавена пред две недели што досега ја потпишаа повеќе од 950 илјади Бразилци. Пред Универзитетот се собраа неколку илјади демонстранти кои носеа транспаренти против Болсонаро. аб/

Остани поврзан