• понеделник, 25 ноември 2024

При крај дизајнирањето на новиот пакет антикризни мерки

При крај дизајнирањето на новиот пакет антикризни мерки
Скопје, 14 септември 2022 (МИА) - Со ребалансот на Буџетот за 2022 година се обезбедени 76 милиони евра за нови антикризни мерки. При крај е дизајнирањето на новиот пакет и се очекува на една од наредните седници на Владата да се расправа за оваа точка, информира портпаролот на Владата Душко Арсовски на денешната прес-кофнеренција во Владата. Мерките, како што посочи тој, ќе бидат насочени првенствено за ранливите групи граѓани кои имаат најголема потреба за помош, а дел кон стопанството -За исправноста на начинот на кој беше менаџирано со оваа криза која трае од минатата година доказ се и претходните пакет мерки. Да почекаме, очекуваме на една од наредните владини седници да се расправа за оваа точка, рече Арсовски. Прашан дали е точно дека Бугарија ќе не снабдува со електрична енергија по цена од 420 евра по мегават час, Арсовски рече дека се уште не е утврдена цената. - Се уште не е утврдена таа цена. Од минатата недела активна е работната група на двете влади. Целта на посетата на владината делегација во Софија беше да се добие цена која ќе биде под берзанската, така што да почекаме работната група е активна кога ќе има повеќе детали ќе се знае точно и за цената по мегават час, посочи Арсовски. мс/бт/ https://www.youtube.com/watch?v=Jkrnzyg1l6Q

Остани поврзан