• понеделник, 25 ноември 2024

Прифатен текстот на Спогодбата помеѓу ЕК и Северна Македонија за Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Србија

Прифатен текстот на Спогодбата помеѓу ЕК и Северна Македонија за Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Србија

Скопје, 20 јуни 2023 (МИА) - Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за потпишување Спогодба за финансирање помеѓу Европската комисија и Република Северна Македонија за ИПА 3 Програмата за прекугранична соработка на Северна Македонија и Србија 2021-2027 година, усвоена од ЕК на 03.06.2022 година и го прифати усогласениот текст на Спогодбата.

Како што информира владината прес-служба, вицерпемиерот за европски прашања и Национален ИПА координатор, Бојан Маричиќ, е определен во името на Владата да ја потпише Спогодбата за финансирање помеѓу Европската комисија и Република Северна Македонија.

-Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Србија се спроведува во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА 3), којшто ја поддржува прекуграничната соработка во поглед на унапредување на добрососедските односи, негување на интеграцијата кон Унијата и унапредување на социо-економскиот развој, соопшти владината прес-служба. вј/дма/

Фото: Влада

Остани поврзан