Припадници на Армијата ќе учествуваат во НАТО мисии во Ирак и Летонија
- Владата, на денешната 86-та седница, донесе одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија и вработени во Министерството за одбрана, за учество во НАТО мисијата во
Скопје, 4 октомври 2022 (МИА) - Владата, на денешната 86-та седница, донесе одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија и вработени во Министерството за одбрана, за учество во НАТО мисијата во Ирак и Летонија.
Припадниците на Армијата во Ирак ќе земат учество на месијата „NATO Mission Iraq - NMI“, а во Република Летонија во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство“ (enhanced Forward Presence - eFP).см/са/