• петок, 05 јули 2024

Принц Чарлс: Лесно поминав со коронавирусот

Принц Чарлс: Лесно поминав со коронавирусот
Лондон, 4 јуни 2020 (МИА) - Британскиот принц Чарлс (71) изјави дека „лесно поминал“ со новиот коронавирус, од кој се зарази на почетокот на епидемијата во март. Тој откако дознал дека е позитивен на Ковид-19, се повлекол во самоизолација, а во текот на болеста имал лесни симптоми. - Имав среќа, но бев заразен со вирусот и целосно можам да ги разберам луѓето низ што минувале, истакна британскиот принц, додавајќи дека сочувствува со оние кои загубиле свој близок. Принцот Чарлс помина седум дена во карантин во својата куќа во Балморал, а неговата сопруга Камила (72) била негативна на тестот. гт/

Остани поврзан