• вторник, 05 ноември 2024

Примирјето во Појасот Газа продолжено за уште два дена

Примирјето во Појасот Газа продолжено за уште два дена

Доха, 27 ноември 2023 (МИА) - Министерство за надворешни работи на катар денеска соопшти дека четиридневното примирје во Појасот Газа е продолжено за уште два дена, јави ДПА.

„Постигнат е договор за продолжување на хуманитарниот прекин на огнот за дополнителни два дена во Појасот Газа“, се наведува во објавата на социјалната мрежа Х.

Соопштението доаѓа само неколку часа пред завршувањето на примирјето во војната во Газа, што е на сила од петокот наутро, додава ДПА.

Договорот што го постигнаа страните минатата недела предвидува можност за продолжување на прекинот на огнот во замена за ослободување на 10 заложници дневно.

Палестинската милитантна група Хамас потврди дека се согласила на договорот постигнат со посредство на Египет и Катар.

„Постигнат е договор со браќата во Катар и Египет за продолжување на привременото хуманитарно примирје за уште два дена, под истите услови“, изјави претставник на Хамас во телефонски разговор за британските медиуми. сд/

Остани поврзан