• вторник, 05 ноември 2024

Приведен 19-годишен Србин во чие возило биле пронајдени 14 кубански државјани со нелегален престој во државата

Приведен 19-годишен Србин во чие возило биле пронајдени 14 кубански државјани со нелегален престој во државата
Скопје, 20 октомври 2021 (МИА) - Полицијата вчера попладне на автопат А1 – Гевгелија приведе 19-годишно лице од Србија затоа што во возило кое го управувало биле пронајдени 14 лица државјани на Куба, од кои две малолетни, со нелегален престој во државата. - На 19 октомври 2021 околу 15.45 часот на бензинска пумпа на автопат А1 – Гевгелија, полициски службеници од Полициска станица Гевгелија го лишиле од слобода Е.Е.(19) од Република Србија, затоа што во возило „форд галакси“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 14 лица државјани на Куба, од кои две малолетни, со нелегален престој во државата, стои во полицискиот билтен. За настанот бил известен Јавен обвинител, а лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. мс/са/

Остани поврзан