• понеделник, 23 декември 2024

Приведен разбојник баран за издржување затворска казна од четири години

Приведен разбојник баран за издржување затворска казна од четири години
Скопје, 15 ноември 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје денеска го лишија од слобода скопјанецот С.Ѓ. (44), кој бил баран за издржување затворска казна, соопшти Министерството за внатрешни работи. - Денеска во 14.50 часот на улица „Исаија Маџовски“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ѓ. (44) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од четири години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, информираат од МВР. Оттаму велат дека, лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната. сх/сп/

Остани поврзан