• четврток, 21 ноември 2024

Приведен најбогатиот бугарски градежен претприемач

Приведен најбогатиот бугарски градежен претприемач

Софија, 6 март 2023 (МИА) - Градежниот претприемач и бизнисмен Велико Желев е приведен, а бугарското Министерство за внатрешни работи, во негово присуство, извршило претреси во неговите канцеларии, јавува Еуроњуз Бугарија.

Според првичните информации, се работи за истрага за принуда. Повеќе детали се очекуваат утре. Според првичните податоци, бизнисменот го натерал својот вработен да потпишува документи со невистинита содржина, додаваат од МВР.

Велико Желев е поранешен прв човек на владината агенција за патна инфраструктура, а моментално е сопственик на компанијата Хидрострој АД. Тој е еден од највлијателните бизнисмени во градежништвото во Бугарија.

„Хидрострој“ е ангажиран на повеќе места, како што е изградба на автопатот „Хемус“, на патот Добрич-Варна во североисточна Бугарија, за зимско чистење на Варна, изградба на станбени комплекси. Фирмата на Велико Зелев „Хидрострој“ доби нарачка за 360.000.000 лева (180.000.000 евра) за изградба на тунел под планината Шипка во Стара Планина.

Желев раководеше со Агенцијата за патна инфраструктура за време кога премиер на Бугарија беше Симеон Саксобурготски. Во времето на Тројната коалиција беше советник на тогашниот министер за транспорт Асен Гагаузов, „кој се прослави по корупцискиот скандал при изградбата на патишта Батко и Братко“, потсетува Еуроњуз Бугарија. ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан