• недела, 30 јуни 2024

Приведен крадец во Куманово, украл мобилен

Приведен крадец во Куманово, украл мобилен

Скопје, 6 ноември 2023 (МИА) - МВР информира дека вчера, во 16.00 часот во Куманово, полициски службеници го лишиле од слобода кумановецот А.Р.

Тој се сомничи дека на 8 октомври, на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, одзел мобилен телефон од кумановецот В.Ј.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ир/са/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан