• понеделник, 23 декември 2024

Приведен крадец во Велес, одземеното пронајдено и вратено на сопственикот

Приведен крадец во Велес, одземеното пронајдено и вратено на сопственикот

Скопје, 22 август 2024 (МИА) – Полициски службеници од Велес синоќа го привеле велешанецот Е.А.(33), кој се сомничи дека со употреба на сила влегол во домот на 84–годишен негов сограѓанин и одзел предмети.

МВР информира дека, на 21 август, во 20.00 часот, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Велес го лишиле од слобода Е.А.(33) од Велес. Тој се сомничи дека од со употреба на сила и алат влегол во домот на 84–годишен велешанец и одзел предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Е.А. бил приведен во полициска станица.

Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, известуваат од полицијата. ир/сст/

 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан