• недела, 21 јули 2024

Приведен дрвокрадец кај Батинци

Приведен дрвокрадец кај Батинци

Скопје, 23 август 2023 ( МИА) -  Полициски службеници од Полициската станица Драчево вчеравечер во скопското село Батинци го привеле Џ.Ш.(39) од с.Елово, општина Студеничани.

Како што известуваат денеска од МВР, тој бил затекнат од полициски службеници како со патничко возило „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки превезува огревно дрво без документација, лицето се обидел да избега, но набргу бил фатен и приведен.

-Возилото и дрвата биле одземени за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата. љм/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан