• петок, 22 ноември 2024

Приведен бегалец од затвор, осуден на казна од шест години

Приведен бегалец од затвор, осуден на казна од шест години

Скопје, 8 февруари 2024 (МИА) - Полициски службеници денеска, околу 13.45 часот, во близина на границата со Албанија, привеле 31-годишен дебранец за доиздржување казна затвор во скопскиот затвор Идризово.

- На 08.02.2024 околу 13.45 часот, на раскрсница помеѓу с. Бомово и Дебар, во близина на државната граница со Р. Албанија полициски службеници од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Блато го лишиле од слобода М.А. (31) од Дебар. Тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на три години од казната, соопштуваат од МВР.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа. ир/нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан