Приведено лице од ресенско, пронајдени бесправно исечени дрва
- Полициски службеници од СВР Битола - ОВР Ресен, денеска во ресенското село Сурленци го привеле М.Т. (47) бидејќи кај него биле пронајдени бесправно исечени дрва.
![Приведено лице од ресенско, пронајдени бесправно исечени дрва](https://new.mia.mk/images/20231101215007_big_730x400_29.webp )
Скопје, 1 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола - ОВР Ресен, денеска во ресенското село Сурленци го привеле М.Т. (47) бидејќи кај него биле пронајдени бесправно исечени дрва.
Како што информираат од МВР, при тоа биле пронајдени и одземени околу 11 м3 огревни дрва, кои се предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. дма/
Фото:МВР