• петок, 05 декември 2025

Приведено лице од Крушево за злоупотреба на службена должност

Приведено лице од Крушево за злоупотреба на службена должност

Скопје, 16 јули 2025 (МИА) - Полицијата вчера во 13.35 часот пред угостителски објект во Демир Хисар, го лишиле од слобода Т.О.(46) од Крушево, поради соневање за сторена злоупотреба на службена положба и овластување во шумското претпријатие во градот каде бил вработен, одземајќи нелегално исечени дрва кои потоа ги продал.

-Тој се сомничи дека како вработен во шумско претпријатие во Крушево извршил кривично дело по член 353 од Кривичниот законик - „злоупотреба на службена положба и овластување” на тој начин што како службено лице одзел нелегално исечени огревни дрва со приколки и ги продал на лице, се вели во соопштението од МВР.

По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава. сст/са/

Фото МИА архива


 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан