• петок, 22 ноември 2024

Приведени три лица во дебарско затекнати при незаконит лов

Приведени три лица во дебарско затекнати при незаконит лов

Скопје, 17 февруари 2024 (МИА) - Три лица од дебарско вчера биле приведени од полициски службеници од Дебар откако биле затекнати при незаконит лов, информира Министерството за внатрешни работи.

-На 16.02.2024, полициски службеници од Полициската станица Дебар лишиле од слобода тројца  жители на Општина Центар Жупа, Ќ.М.(42) од с.Мал Папрадник, Ј.Р.(42) од с.Броштица, и Б.А.(50) од с.Житинени. Околу 14.30 часот на ловиште „Канео Стогово“ тие биле затекнати од ловочувар при извршување на незаконит лов. Кај нив биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бенели“, повеќе ловечки патрони од различен калибар, усмртено диво животно и други предмети кои ги употребиле при вршење на делото, соопштуваат од полицијата.

Лицата биле задржани во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. ир/лв/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан