• недела, 07 јули 2024

Приведени дрвокрадци од Неготино

Приведени дрвокрадци од Неготино

Скопје, 14 септември 2023 ( МИА) -  Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност синоќа на местото наречено  „Чардак“, неготинско  ги лишиле од слобода А.А.(23) и Р.Д.(29), двајцата од Неготино.

Како што известуваат денеска од МВР, при преглед во патничко возило „опел“ кое го управувал А.А. и патничко возило „крајслер“ кое го управувал Р.Д., двете без регистарски таблички, биле пронајдени и одземени огревни дрва без документација, а дрвата и возилата им биле одземени за понатамошна постапка.

Лицата биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. љм/нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан