• четврток, 19 декември 2024

Приведени дрвокрадци во радовишко

Приведени дрвокрадци во радовишко

Скопје, 9 декември 2024 (МИА) - Полицијата вчера ги лишила од слобода М.О.(69) и Ш.Ј.(45) од село Бучим кои во атарот на селото биле затекнати при вршење бесправна сеча на дрва, кои ги товарале во трактор со приколка.

- Од вработени во Шумска полиција Радовиш тракторот и приколката биле одземени, а при лишувањето, Ш.Ј. агресивно се однесувал кон полициските службеници. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР. лв/

фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан