• четврток, 27 јуни 2024

Приведени двајца штипјани кај кои е пронајден хероин

Приведени двајца штипјани кај кои е пронајден хероин
Скопје, 21 април 2021 (МИА) - Двајца штипјани денеска се лишени од слобода кај наплатната рампа „Миладиновци“ бидејќи при извршена контрола кај нив е пронајден хероин.
Министерството за внатрешни работи вечерва соопшти дека станува збор за Т.З.(43) и Ш.Н.(30). При контрола кај сопатникот Т.З. пронајдено е полиетиленско пакување хероин.
Двајцата се приведени во полициската станица Гази Баба, а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава. бак/

Остани поврзан