• понеделник, 23 декември 2024

Приведени двајца српски државјани кои превезувале седум мигранти од Пакистан

Приведени двајца српски државјани кои превезувале седум мигранти од Пакистан
Скопје, 5 април 2021 (МИА) - Двајца српски државјани се приведени утрово откако на регионалниот пат Неготино-Демир Капија, кај клучка „Демир Капија“, полицијата во возило „Даеву“ со кое патувале, биле откриени седум мигранти од Пакистан. Од МВР соопштија дека во 05.35 часот полициски службеници ги лишиле од слобода И.С. (47) и А.Љ. (23), двајцата од Република Србија, затоа што во возило „Даеву“ со српски национални ознаки со кое патувале, а го управувал И.С., биле пронајдени седум мигранти од Пакистан. - Во наведеното време, полициски службеници дале знак за запирање на нивното возило, но тие не застанале и продолжиле со голема брзина, но набргу потоа излетале од патот. При преглед во возилото биле пронајдени седум мигранти од Пакистан, кои во незгодата се здобиле со телесни повреди. И.С. и А.Љ. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се појаснува во соопштението од МВР. цр/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан