• недела, 30 јуни 2024

Приведени двајца крадци во Скопје, фатени на дело

Приведени двајца крадци во Скопје, фатени на дело

Скопје, 10 април 2023 (МИА) - Двајца скопјани вчера биле уапсени при вршење кражба во куќа на улица „Фјодор Достоевски“ во Влае.

МВР информира дека вчера, во 19.30 часот, полициски службеници од ЕВР Карпош и ЕВР Центар и Бит Пазар ги лишиле од слобода Б.Ј.(23) и А.А.(29), двајцата од Скопје.

-Тие биле затекнати при извршување кражба во куќа на улица „Фјодор Достоевски“, при што одзеле повеќе предмети, соопштуваат од полицијата.
.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. ир/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан