• вторник, 26 ноември 2024

Приведена лекарка во Куманово поради сомнение за примање поткуп и злоупотреба на службена положба

Приведена лекарка во Куманово поради сомнение за примање поткуп и злоупотреба на службена положба
Скопје, 22 септември 2021 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово - Отсек за економски криминал извршија претрес во работните простории на Очно одделение при ЈЗУ Општа болница -Куманово и патничко моторно возило „опел астра“, паркирано во кругот на болницата. Претресот е извршен по претходно добиени оперативни сознанија, односно основано сомнение за примање поткуп и злоупотреба на службената положба од страна на лекарката Е.С.
-При претресот во Очното одделение при ЈЗУ Општа болница - Куманово од медицинската сестра одземени се 18.000 денари, а при претрес во возилото, сопственост на  лекарката Е.С. одземени се околу 98.000 денари. Е.С. е приведена и против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Куманово, информира Министерството за внатрешни работи.
Е.С. ја злоупотребила службената положба и овластување казниво по член 353 и примала поткуп од пациенти, казниво по член 357 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, така што правела хируршки интервенции во службени простории на ЈЗУ Општа болница - Куманово.
За интервенциите противправно земала по 12.000 денари, иако пациентите се здравствено осигурени преку ФЗО и за истата интервенција би требало да платат само партиципација, но партиципација не им била наплатена. Пациентите ги давале парите лично на пријавената, пред да се изврши хируршката интервенција, а за што пациентите не добивале документ за платената услуга. ки/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан