• вторник, 02 јули 2024

Приведена Австралијанка поради пречекорување на дозволениот туристички престој во државата

Приведена Австралијанка поради пречекорување на дозволениот туристички престој во државата
Скопје, 20 јуни 2021 (МИА) - На граничниот премин „Меѓународен аеродром“ во Скопје од полициски службеници ноќеска е приведена Н.Д.(29) од Австралија. Како што информираат од МВР, по извршена пасошка контрола и проверка во службените евиденции било констатирано дека Н.Д. го има пречекорено дозволениот туристички престој во Република Северна Македонија. -Лицето е предадено на полициски службеници од Одделението за странци и реадмисија – Скопје за понатамошна постапка, се наведува во соопштението на МВР.бт/дма/

Остани поврзан