• петок, 22 ноември 2024

Пречистителната станица за отпадни фекални води во Пласница ќе биде готова до крајот на месецов

Пречистителната станица за отпадни фекални води во Пласница ќе биде готова до крајот на месецов
Кичево, 16 јануари 2022 (МИА) - Пречистителната станица за фекални отпадни води што се гради во село Пласница, ќе биде готова до крајот на месецов, најави градоначалникот Алија Јаоски, кој истакна дека рационално се користат сите убави денови за да може оваа пречистителна станица што побргу да биде ставена во употреба, а крајниот рок за нејзино предавање во употреба е 90 дена од почетокот на градба. - Пречистителната станица за фекални отпадни води што се гради во општина Пласница, очекуваме до крајот на февруари или најдоцна до почетокот на март да биде ставена во употреба. Оваа пречистителна станица чини 85.000 евра, средства обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање, соопшти Јаоски. Тој посочи дека истата ќе биде од монтажен тип по примерот на пречистителни станици во Турција, чија техологија ќе ја користи, а ќе биде со капацитет за 1.500 жители. Ќе опслужува само дел од жителите на општинскиот центар и ќе биде лоцирана во непосредна близина на река Треска во понискиот дел од крајречието. Градоначалникот на Пласница очекува во предвидениот рок да се изгради оваа пречистителна станица. Тој појасни дека со изградбата на оваа пречистителна станица ќе продолжи реализацијата на програмата за река Треска и останатите водотеци во регионот да имаат чиста вода, а целокупниот процес започна пред четири години со пречистителна станица во Кичево. Посочи дека поголемиот дел од опремата е пристигната и деновиве ќе започне нејзина монтажа. за/мс/

Остани поврзан