• понеделник, 23 декември 2024

Пречек на припадниците на Армијата кои учествуваа во спасувачката операција во Турција

Пречек на припадниците на Армијата кои учествуваа во спасувачката операција во Турција

Скопје, 20 февруари 2023 (МИА) - Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска напладне ќе биде организиран пречек на припадниците на специјалните сили на Армијата кои учествуваа во хуманитарната спасувачка операција во Турција.

Како што најави МО, на припадниците на Армијата ќе им се заблагодарат и ќе ги поздрават претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, амбасадорот на Република Турција во Северна Македонија Хасан Мехмет Секизќок и одбранбеното аташе на Турција во Скопје.

 Армиски тим за заштита и спасување од Баталјонот за специјални сили, водачи и кучиња обучени за трагање, учествуваа во хуманитарна операција во Турција, во областите кои беа погодени од катастрофалните земјотреси на 6 февруари годинава.са/

 

 

 

Остани поврзан