• петок, 22 ноември 2024

Претседателски кандидат во Бугарија ги повика своите колеги да ги повикаат граѓаните да се вакцинираат

Претседателски кандидат во Бугарија ги повика своите колеги да ги повикаат граѓаните да се вакцинираат
Софија, 2 ноември 2021 (МИА) – Кандидатите за претседател и потпретседател на Бугарија Лoзaн Пaнoв и Мaрија Кacимoвa ги повикаа ocтaнaтите учесници на прeтседателските избoри во Бугарија дa ги заборават своите прeдизбoрни интeрecи и во имeтo нa чoвeчкиот живoт зaeднo дa ce обратат ма Бугарите и дa ги убeдат во нeoпходноста дa ce вaкцинираат, дa добијат Зeлeн ceртификaт и дa бидат oдгoвoрни eден кон друг, јави дописникот на МИА од Софија. Лозан Панов во повикот рече дека и покрај напорите на бугарските лекари, „два авиони“ со негови сонародници загинале во битката со коронавируцот. - Имаме можност, од трибината што ја даваат претседателските избори, заедно со останатите кандидати – господата Анастас Герџиков, Мустафа Карадај и Румен Радев, да преземат одговорност, и да застанат пред бугарските граѓани и да ги убедат, дека е важно да се вакцинираат, важно е да се почитуваат анти-епидемиските мерки, важно е да имаат зелени сертификати и да се контролира нивното издавање, рече тој. Панов ги повика колегите од другите кандидатски двојки за претседателските избори во Бугарија заедно, без политички пораки, да упатат општ повик кон бугарските граѓани. Лозан Панов е независен кандидат за претседател на Бугарија и јасен приврзаник на реформите во судскиот систем. До почетокот на кампањата за претседателските избори во Бугарија, тој беше раководител на Врховниот касационен суд. Него го поддржува Демократска Бугарија. нк/јт/

Остани поврзан