• понеделник, 23 декември 2024

Претседателот на Уставниот суд Мурати се сретна со рускиот амбасадор Баздникин

Претседателот на Уставниот суд Мурати се сретна со рускиот амбасадор Баздникин
Скопје, 22 јануари 2021 (МИА) - Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати денеска оствари работна средба со амбасадорот на Руската Федерација во земјава Сергеј Баздникин. На средбата, како што соопшти Уставниот суд, на амбасадорот Баздникин му беше презентирана уставната положба на Уставниот суд, неговите надлежности, но и предизвиците со кои се соочува Судот во нивното остварување. Се дискутираше и за текот на подготовките на Десеттиот јубилеен Меѓународен петербуршки правен форум, што треба да се одржи од 18 до 22 мај оваа година во Санкт Петербург. Претседателот на Уставниот суд Мурати, како што се наведува, има покана за учество на овој форум од министерот за правда на Руската Федерација, Констатин Чујченко, која му беше врачена на средбата со амбасадорот Баздникин во септември минатата година. На средбата Мурати изрази задоволството од можноста делегација на Судот да биде дел од оваа светска манифестација. мд/вј/

Остани поврзан