• вторник, 26 ноември 2024

Претседателот на Собранието Џафери им го честита Велигден на католичките верници

Претседателот на Собранието Џафери им го честита Велигден на католичките верници
Скопје, 3 април 2021 (МИА) - Претседателот на Собранието Талат Џафери упати велигденска честитка до припадниците на католичката вероисповед. -Ми претставува чест од свое име и од името на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да Ви го честитам големиот христијански празник – Велигден на сите што го славите по грегоријанскиот календар. Упатувам искрени желби за добро здравје и оздравување на сите што беа засегнати од Ковид-19, семеен и душевен мир, благосостојба, успеси и големи радости. Дозволете да упатам срдечни желби за личен и колективен напредок на секое поле од општественото живеење. Вашиот успех е и успех на државата, се истакнува во честитката. Претседателот на Собранието нагласува дека големите празници ни даваат прилика да застанеме и да го забавиме брзото темпо на живот, да поминеме повеќе време со нашите сакани и да се потсетиме на најважните вредности кои ни се водилка низ животните предизвици. -Да бидеме одговорни кон себе, кон сите околу нас и кон државата, заедно и сплотено да го надминеме и овој и сите други предизвици кои ни се испречуваат на патот. Имајте убави и спокојни празнични денови, порачува во честитката Џафери. ир/хс/

Остани поврзан