Претседателот на АУ, Сал во посета на Русија
- Претседателот на Африканска Унија (АУ) и претседател на Сенегал, Маки Сал при утрешната посета на Русија, во Сочи ќе се сретне со рускиот претседател, Владимир Путин
Дакар, 2 јуни 2022 (МИА) – Претседателот на Африканска Унија (АУ) и претседател на Сенегал, Маки Сал при утрешната посета на Русија, во Сочи ќе се сретне со рускиот претседател, Владимир Путин.
Во соопштението од Кабинетот на Сал се наведува дека посетата е со цел „ослободување на резервите на жито и вештачки ѓубрива, чие блокирање посебно ги погоди африканските земји“, како и за ублажување на конфликтот во Украина.
Посетата е на покана на Путин, а Сал ќе биде придружуван од претседателот на Комисијата на АУ.
Украина и Русија се главни снабдувачи на пченица и други житни култури во Африка. Исто така Африка е зависна и од руските вештачки ѓубрива. бд/ми/